Само Пројковска е елита: Сите наши судии останаа во Втората група на УЕФА, без никаков напредок!(ФОТО)

363

Бројките, резултатот, коефициентот и секако УЕФА кажува дека не можеме да се пофалиме дека имаме екстра судии во мак – фудбалот. Исклучок е Ивана Пројковска која беше во елитната група на женски судии и таму и остана. Пројковска во последно време и тоа покажува дека има квалитет, а тоа некој надвор и тоа како знае да го цени, па затоа таа суди во ЛШ, на првенствата ширум светот.No description available.

Едноставно квалитет.

За разлика од нејзе сите наши машки судии останаа во Втората група на УЕФА. Тука мислиме на “интернационалците“, Влатко Илиоски, Игор Стојчевски и Стојанче Трпчевски кои не направиле никаков исчекор, барем според УЕФА па затоа за наредната сезона нема елитни натпревари за нив.

За наредната 2026/27 сезона тие се “пласирани“ од 117. до 119. место и тоа во Втората група на судии.

Можете и самите да се уверите…No description available.

ПретходноМакедонија го победи Косово
СледноРК Вардар се враќа дома: Свечено пуштена во употреба салата “Расадник“(ФОТО)