СП со 48 репрезентации: Мундијал кој ветува спектакл! Ова се 12-те групи

72
ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/

Од денеска па се до 19 јули сите погледи се кон 23. Светско првенство во фудбал. За првпат ќе имаме 48 селекции, или тоа е 1/4 од сите членки на ФИФА. Распоредени се во 12 групи од по 4 селекции, а натаму одат најдобрите две и осумте најдобро третопласирани. Значи 32 од 48 селекции ќе играат во 1/16 финалето или од првиот дел од нокаут фазата. Следува 1/8 финалето, па 1/4 финалето, полуфиналето и големото финале. Од ова произлегува дека шампионот ќе одигра осум натпревари.

Во продолжение ќе можете да ги видите групите а СП за првпат се игра во три земји и тоа во САД, Канада и Мексико.

Титулата ја брани Аргентина а кога сме кај историјата да кажеме дека досега најмногу титули има Бразил, пет, Германија и Италија со по четири се на делба на второто место, Аргентина има три, Франција и Уругвај со по две, а Шпанија и Англија по еднаш биле прваци.

Од сите овие на ова СП 2026 ќе ја нема Италија и тоа третпат во низа.

Мундијалот стартува со мечот на епскиот “Ацтека“ стадион во Мексико Сити меѓу домашната селекција на Мексико и Ј.Африка.

Ова е Мундијал кој ветува спектакл, впрочем како и секој собир на најдобрите репрезентации во светот од 1930 година па наваму.

ГРУПИ ЗА СП – 2026

ГРУПА -А

Мексико

Ј.Африка

Ј.Кореја

Чешка

ГРУПА – Б

Канада

БиХ

Катар

Швајцарија

ГРУПА – Ц

Бразил

Мароко

Хаити

Шкотска

ГРУПА – Д

САД

Парагвај

Австралија

Турција

ГРУПА – Е

Германија

Курасао

БСК

Еквадор

ГРУПА – Ф

Холандија

Јапонија

Шведска

Тунис

ГРУПА – Г

Белгија

Египет

Иран

Нов Зеланд

ГРУПА – Х

Шпанија

Зеленортски острови

С.Арабија

Уругвај

ГРУПА – И

Франција

Сенегал

Ирак

Норвешка

ГРУПА – Ј

Аргентина

Алжир

Австрија

Јордан

ГРУПА – К

Португалија

Конго

Узбекистан

Колумбија

ГРУПА – Л

Англија

Хрватска

Гана

Панама

ПретходноФФМ со демант за судиите, но не и за фактот дека истите немаат никаков напредок!
СледноБраво за Чеферин: Судијата од Сомалија кој не беше пуштен во САД, ќе го суди Супер Купот на УЕФА!