ФФМ со демант за судиите, но не и за фактот дека истите немаат никаков напредок!

338

ФФМ на својот официјален сајт излезе со текст или демант по повод нашата објава дека судиите немаат напредок и дека за новата сезона остануваат сите наши машки судии останаа во Втората група на УЕФА. Влатко Илиоски, Игор Стојчевски и Стојанче Трпчевски кои не направиле никаков исчекор, барем според УЕФА па затоа за наредната сезона нема елитни натпревари за нив.

Од „куќата на фудбалот“ најдоа замерка во однос на листата, објаснувајќи дека истата е направена според азбучен ред, но не демантираа дека сите останале во Втора лига, факт кој во официјалните документи не може да се избрише, како што е фактот дека Ивана Пројковска која беше во елитната група на женски судии и таму и остана.

„Имено, наводното „рангирање“ на македонските судии во кое се тврди дека Влатко Илиоски, Игор Стојчевски и Стојанче Трпчевски се на 117., 118. и 119. место, едноставно не постои“, велат во демантот на ФФМ, останатиот дел можете да го прочитате на ЛИНКОТ. 

Претходно“Го видовме најглупавиот тим во историјата на цивилизацијата!“(ВИДЕО)
СледноСП со 48 репрезентации: Мундијал кој ветува спектакл! Ова се 12-те групи