Една од најдобрите македонски ракометарки во моментов, нашата репрезентативка Ива Младеновска прави мега трансфер во Бундес лигата и станува член на тимот на Борусија Дортмунд.
Десниот бек веќе потпиша договор со клубот од Германија, кој што е со важност до 2028 година.
Ива Младеновска инаку ја започна својата кариера во ракометната школа „Алушовски“, за да во 202 година му пристапи на ЖРК Металург. По настапите во домашното првенство и во ЕХФ Европскиот куп, во сезоната 2023/24 направи трансфер во францускиот Брест Бретањ, додека од јануари 2025 година беше член на Безансон.
Сениорска репрезентативка на Македонија е до 2022 година.
Што се однесува пак до нејзиниот нов клуб, Борусија Дортмунд во изминатата сезона заврши како втор тим во Бундес лигата, и веќе има поднесено за вајлд карта во Лигата на Шампионите, што со оглед на рејтингот веројатно и ќе ја добие.










