Фудбалски блам во соседна Србија: Казна за наместен натпревар во пионерска конкуренција

55

Од соседна Србија попладнево пристгинува навистина ужазна вест. Фудбалскиот сојуз на западно српскиот регион изрече дисциплински мерки по повод мечот од првата пионерска лига (!?) помеѓу екипите на Кикер од Краљево и Борац од Чачак, откако била спроведена постапка поради сомнение дека истиот бил наместен!!!

Надлежните реагирале и тоа очигледно со право затоа што домашниот тим на овој меч по првиот дел водел до 4:0, за да на крајот гостите победат со 4:5.

Па така, откако постапката е готова, донесена е казнена мерка со одзимање на девет бодови на тимот на Кикер, а 12 бодови на тимот на Борац Чачак.

Тренерот пак на тимот на Кикер, извесен Драган Парезановиќ добил суспензија во траење од две години за бавење со фудбал, а истата мера ја добил и неговиот коллега од другата страна, Иван Глигоријевиќ

ПретходноВо Торонто одекнува: “Палестина, Палестина…!“(ВИДЕО)
Следно“Бомба“: Салах останува во Ливерпул?!