Денеска во Нион со жрепка беа одредени составите на групите за претстојните квалификации за настап на Европското првенство за фудбалерки до 17 и 19 години.
Селекцијата до 17 години е во конкуренција со репрезентациите на Велс, Луксембург и домаќинот на турнирот Грузија.
Мечевите ќе се одиграат на 25, 28 и 31 октомври оваа година.
Репрезентацијата до 19 години е дел од Б3 групата во која партиципираат Црна Гора, Азербејџан и организаторот Србија.
Натпреварите во оваа конкуренција се на програмата на 26 и 29 ноември, а последното коло ќе се одигра на втори декември.










