Али Адем (26) и официјално кариерата ја продолжува во Косово. Досегашниот играч за врска на Македонија вечерва и официјално беше промовиран во Лапи како нивни нов играч.
Да потсетиме дека ова за Адем не е прво интернационално искуство во кариерата. Тој има настапувано и во Грција и Албанија, во Македонија има играно и за Вардар, Шкупи. Со Лапи тој потпиша двегодишен договор до 2028.
Лапи е дел од Суперлигата на Косово, а таму игра и Фитон Адеми, некогашниот напаѓач на Шкендија и младински репрезентативец на Македонија.










