Денеска пристигна тажна вест, на 80 години почина Светислав Димовски – Срцка, човекот кој долги години беше пирум сите спортски терени во Македонија.
Веќе со децении, без оглед дали се игра ракомет или кошарка, дали настапува Македонија, Работнички или МЗТ, ниту еден настан во Скопје не помина без него. Во својата кариера има над 10.000 мечеви во било кој спорт. Тој беше душата на спортската сала, задолжен да биде се како што треба.
Погребот е закажан за утре на гробиштата Бутел со почеток во 12 часот.










