Со конечни 37-32, екипата на Барселона го доби второто полуфинале од Ф4 турнирот во Келн против тимот на Алборг и обезбеди финале во овогодинешното издание на Лигата на Шампионите.
Во интересен и неизвесен меч, Каталонците имаа повеќе концентрација во завршницата и обезбедија меч за нова европска титула по одиграно продолжение откако регуларниот дел заврши 28:28.
Клучен фактор можеби беше голманот Емил Нилсен кој што запиша 16 одбрани и кој што доминираше во клучните моменти.
Во финалето и борбата за титула, Барса ќе се соочи со Фуксе Берлин, кој славеше против Магдебург во првото полуфинале.










