Познати се стартните состави: Бразил ќе напаѓа со Вини, Рафиња и Игор Тиаго!

132
ФОТО:facebook.com/Brasilnationalfootballteamforever/

На нешто повеќе од еден час до стартот на дербито на денот меѓу Бразил и Мароко, селекторите на двете репрезентации ги објавија стартните состави.

На полноќ, Бразил и Мароко ќе ја отворат Групата Ц на Светското првенство. Избраниците на Карло Анчелоти влегуваат во турнирот како еден од главните фаворити, додека Мароко се стреми да го повтори квалитативниот резултат што го постигна пред четири години, кога стигнаа до полуфиналето во Катар и загубија од Хрватска во натпреварот за третото место. Според ранг-листата на ФИФА, Бразил е шесторангирана репрезентација во светот, а Мароко седма, што го прави овој натпревар највисокорангиран во целата групна фаза.

Ова се стартните состави:

БРАЗИЛ: Алисон – Ибанез, Маркињос, Габриел, Сантос – Касемиро, Бруно Г. – Рафиња, Пакета, Винисиус – Игор Тиаго
МАРОКО: Боно – Хакими, Диоп, Ријад, Мазрауи – Буади, Ел Ајнауи – Дијаз, Онахи, Ел Канус – Саибари

ПретходноТФТ му се заблагодари на Дарин Говенс
СледноКатар со херојски бод против Швајцарија