Готово е: Италија има нов селектор!

104
ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/

Готово е. Италија има нов селектор. Според информациите објавени од Фабрицио Романо, најпознатиот инсајдер кога станува збор за трансфери и тренерски промени, Роберто Манчини ќе ја преземе италијанската репрезентација. Или по пауза од пет години се враќа на селекторската клупа.
Романо, кој ретко греши во своите проценки и информации, наведува дека веќе е постигнат договор меѓу двете страни.
Манчини ќе се врати на клупата на четирикратниот светски шампион по епизодата во катарски Ал Сад.
Искусниот стручњак го напушти клубот од Катар откако успеа да ја освои шампионската титула. Неговото заминување од Ал Сад не е случајно, бидејќи тој веќе ги прифати условите што му ги понуди Италијанската фудбалска федерација.
Промената на клупата на „аѕурите“ дојде по големото разочарување во квалификациите за Светското првенство. Изборот падна на Роберто Манчини, кој веќе остави длабока трага на клупата на репрезентацијата. Освои ЕП во 2021, но потоа беше шокиран од Македонија во Палермо, во баражот за СП 2022.

ПретходноВАР како да заспа: Зарем ова не беше офсајд?!(ФОТО)
СледноЛУДИЛО: Коментаторот во екстаза по голот на Катар за 1:1 (ВИДЕО)