Австралија ја шокираше Турција на стартот на Светското првенство

311

Австралија на најдобар моожен начин тргна на Светското првенство победувајќи ја Турција со 2-0.

Натпреварот беше динамичен и имаше неколку шанси од самиот почеток. Турција прва се закани сериозно преку Арда Ѓулер во 27-та минута, но голманот Патрик Бич направи брилијантна одбрана.

Неколку моменти подоцна, Иранкунда искористи одлично додавање, го помина голманот Чакир и рутински шутираше во долниот лев агол за да ѝ даде на Австралија водство од 1-0.

Турција се обиде да израмни до крајот на првото полувреме, а најблиску беше во 30-та минута кога Абдулкерим Бардакчи ја погоди стативата по уште една одлична одбрана од Бич.

Турција потоа отиде уште поагресивно. Арда Ѓулер изведе опасен слободен удар во 57-та минута, но австралискиот голман повторно беше на висина на задачата.

Клучниот момент се случи во 75-тата минута. Конор Меткалф ја прими топката на работ од шеснаесетникот, се ослободи од голманот и со прецизен удар ја погоди долната десна страна за големи 2:0.

Австралија така освои исклучително важни три бода на почетокот од натпреварувањето. Додека Турција ќе бара шанса да се поправи и да остане во борбата за место во нокаут фазата во следната рунда.

На втората средба одиграна синоќа, Шкотска славеше со минимални 1-0 против Хаити.

ПретходноПосле повеќе од пет децении Њујорк Никс е шампион во НБА (ВИДЕО)
СледноВардар на тест со аматерски тим од Умбрија