Брера со реакција: “И дефинитивно ќе играме во ВМФЛ“! (ФОТО)

504

Брера Струмица во последната 2025/26 сезона не успеа да го задржи прволигашкиот статус. Заедно со Работнички, Пелистер, Македонија ЃП и Шкупи, клубот од Струмица се пресели во понизок ранг. Во последните денови во фудбалските кулоари почнаа “приказните“ дека клубот нема намера, од повеќе причини, да се натпреварува во ВМФЛ.

Токму затоа попладнево и официјално Брера, преку своите социјални мрежи испрати демант.

Реакцијата на Брера ви ја пренесуваме во целост:
Заради се позачестените дезинформации, невистини и манипулации кои кружат во јавноста, ФК „АП Брера Струмица“ ја известува јавноста дека и во наредната сезона ќе продолжи да се натпреварува како со младинските категории така и со сениорски состав во Втората македонска фудбалска лига која ќе биде одлично искуство и нов предизвик за нашите млади фудбалери.

ФК„АП Брера Струмица“ има квалитет, има потенцијал. Доказ се нашите момци кои покажаа дека имаат карактер и победнички менталитет освојувајки ја двојната круна во младинските натпреварувања. Со овој успех, нашите момци а со тоа и нашиот клуб по втор пат во својата историја ќе настапува во Младинската УЕФА лига на ШАМПИОНИ – што е потврда за правилната работа, посветеноста на нашата управа и стручниот тренерски кадар за развој на младите таленти во клубот.

Паралелно ја информираме јавноста дека нашиот клуб брои повеќе од 300 деца кои секојдневно тренираат, се натпреваруваат и ја живеат љубовта кон фудбалот. Тие се иднината не само на нашиот клуб туку воопшто и на македонскиот фудбал. Тие се нашата дополнителна мотивација за нови долгорочни успеси.

Токму затоа, овој период ќе го искористиме за реконструкција и дополнителна организација на младинската школа. Ќе работиме на создавање на уште подобри услови за развој на нашите идни фудбалери – затоа што децата го заслужуваат најдоброто. Ќе бидеме посветени на сопствениот потенцијал но и широко ги отвораме вратите за фудбалските надежи.

Продолжуваме посилни, поорганизирани и со јасна визија за иднината!

ФК АП БРЕРА СТРУМИЦАвелат од клубот.

ПретходноВембањама: „Се гледаме…никогаш!“(ВИДЕО)
СледноПриказна на денот – Од бегалски камп до херој на Австралија!