Холандија и Јапонија останаа со празни мрежи по првите 45 минути на вториот денешен меч на Мундијалот. Во Арлингтон, Тексас, „лалињата“ и „самураите“ создадоа по две шанси за гол, но не успеаја ниту една да ја претворат во гол за водство.
Видовме цврсто прво полувреме, тактичка битка, без голем ризик. Куман и Моријасу подготвиле вистина „шаховска партија“ на теренот, па останува да очекуваме промена со барем еден постигнат гол во второто полувреме.










