Јунакот на Катар со солзи во очите….му благодарам на Алах, господарот на сите светови (ВИДЕО)

124

Дефинитивно на тековниот Мундијал ќе гледаме огромен број на екстра мечеви, кои што дел ќе бидат со предзнакот изненадувања.

Прв од тие во серија секако беше оној синоќа во кој тимот на Катар со гол во четвртата минута од продолжението успеа да израмни на 1:1, против Швајцарија и да освои огромен, историски бод.

Сепак, херојот на катарците е голманот, Махмуд Абу Нида кој што одбрани серија опасни ситуации, и го спаси тимот кога беше најпотребно.

По мечот тој во солзи објасни како се чувствува и му заблагодари на бога што ова му се случува.

„Му благодарам на Алах, господарот на сите светови за ова. Освоивме бод, историски бод за Катар на Мундијалот. Ова беше машки натпревар. Сите играчи дадода се од себе. Никој не се исплаши, не се криеше од дуел, не се повлече. Овој резултат го посветувам на мојата мајка и на семејството. Ако даде бог, ќе минеме во следната фаза„ – изјави Абу Нида.

 

ПретходноВардар го доби првиот пријателски меч на подготовките во Норчиа
СледноДенеска на Мундијалот: Германија ќе “билда“ гол – разлика против Курасао! Ќе ја видиме и Холандија против “самураите“