Еве колку заработија Њујорк Никс со освојувањето на титулата во НБА

109
Фото: Њујорк Никс Х

Њујорк Никс го освоија својот трет НБА шампионски трофеј откако и четврти пат ги совладаа Сан Антонио. На оваа титула чекаа 53 години и ја додадоа на оние од 1970 и 1973 година. Иако бонусите не беа главниот мотив, играчите сепак ќе добијат значителна парична награда.

Играчите ќе поделат околу 9,1 милиони долари (околу 7,86 милиони евра) од фондот за плејофот. Сепак, оваа сума е мала во споредба со нивните годишни плати.

Сепак, оваа награда има посебна вредност бидејќи е колективно заработена. Вкупниот награден фонд за НБА плејофот во 2026 година изнесува околу 35,7 милиони долари и се распределува меѓу сите тимови што стигнале до завршницата.

Тимовите не се наградуваат само за титула, туку и за пласманот во регуларната сезона и за секоја помината рунда. Како трет носител на Истокот, Њујорк веќе заработил околу 471.000 долари, плус бонуси за секоја фаза до финалето.

Вкупно, Никси би можеле да добијат околу 11,6 милиони долари (околу 10 милиони евра). Ако сумата се подели на 15 играчи, секој би добил околу 770.000 долари, иако распределбата зависи од тимот.

Џален Брансон беше прогласен за МВП на финалето.

Ниту поразениот тим не останува без награда – финалистот добива околу 3,9 милиони долари, плус дополнителни бонуси.

Покрај тоа, играчите може да добијат бонуси преку договори и спонзори за освоена титула или индивидуални признанија.

Вистинската вредност на титулата е многу поголема – Никси значително ги зголемија приходите од билети, продажба на дресови и спонзорства, како и медиумското внимание.

Финалната серија имаше и огромна гледаност, поттикната од големиот пазар на Њујорк, долгото чекање за титула и подемот на Виктор Вембањама како глобална ѕвезда.

ПретходноПродолжува хаосот во Грција: Нан има скршено ребро, следат тужби
СледноСреќен сум за “мојот“ Катар, јас го донесов Лаје во Лусаил, се слушнав утринава и му честитав на бодот и одличниот негов настап!