Лудо второ полувреме во Далас: „Самураите“ изборија бод против Холандија (ВИДЕО)

80
фото: OnsOranje (X)

Во меч со две различни полувремиња, Холандија и Јапонија одиграа 2:2 и поделија по бод во првиот меч од групата „Ф“ на СП. Во Далас, навивачите видоа лудо второ полувреме со четири гола и вистински фајтерски фудбал, што не беше случај со првите 45 минути.

По ужасно досадното прво полувреме, во вториот дел како сосема други две селекции да се појавија на теренот во Далас. Уште во 51. минута го видовме првиот гол. Ван Дајк во негов стил по нафрлена топка со глава ја погоди мрежата на Сузуки и на „лалињата“ им донесе предност од 1:0.

Јапонците тргнаа веднаш офанзивно и резултатот дојде многу брзо. Накамура по само шест минути со еден лудицен потег успеа д аго матира Фербруген и да израмни на 1:1.

Холандија повторно притисна по примениот гол, а како резултат на таква игра стигна еден индивидуален потег на дебитантот на големата сцена, Самервил кој во 64. минута ја затресе по вторпат мрежата на Сузуки и ја врати Холандија во водство, овој пат од 2:1.

И кога се чинеше дека момците на Куман ќе го приведат мечот до крај и победа, во типично холандски стил, по нафрлена топка, Даичи Камада успеа да го добие дуелот со Ван Дајк и со глава да ја смести топката во голот на Холандија за израмнувачки 2:2.

ПретходноНојер е нов рекордер на Германија