Селекцијата на Брегот на Слоновата Коска го доби натпреварот од првото коло од Групата Е на Светското првенство против Еквадор со 1:0 одигран во Филаделфија. БСК освои големи три бода и направи голем чекор кон пласман во нокаут фазата. Првото полувреме беше полно со можности и чудо е што немаше голови. Еквадор имаше повеќе шанси, прво преку Валенсија, а потоа јужноамериканската репрезентација двапати ја гаѓаше рамката на голот. Од другата страна, Николас Пепе имаше одлична можност да ги казни тие грешки, но по првите 45 минути беше 0:0.
Во вториот дел, подобар пристап од Брегот на Слоновата Коска. И африканската селекција ја погоди пречката преку Вахи. Но, како што минуваше времето, така се менуваше и темпото. Кога се очекуваше да биде 0:0, Амад Дијало постигнува гол и тоа во 90-тата минута. По одличниот продор на Сиго и одличното додавање, играчот на Манчестер Јунајтед реагираше брилијантно и постигна гол за 1:0.










