Екс играчот на Вардар и Македонија ЃП, бразилецот Матеус Лемос е првото ПМФЛ засилување летово за тимот на Шкендија Арачиново.
Бразилецот пристигнува како екстра новитет кај арачиновци кои што како што е добро познати преку бараж победата над Пелистер обезбедија прволигашки статус.
Лемос на нашата публика и е добро познато лице, затоа што имаше доста светли моменти како во Вардар така и во Ѓорче Петров.
Последно беше дел од бразилскиот лигаш Индепендиенциа.















