Македонската велосипедистка Далија Стојановска, на балканското ХСО првенство во Чапљина, Босна и Херцеговина, освои сребрен медал во категоријата до 17 години.
Марко Блажески, Мартин Спасевски, Алексеј Атанасовски и Благој Митрески, беа преостанатите македонски претставници на првенството кои достоинствено ги бранеа боите на Македонија и стекнаа меѓународно искуство.











