Јанис го одбрал Мајами, наскоро ќе има и договор

124

Oткако Њујорк Никс ја освоија титулата, НБА тимовите добија „зелено светло“ да прават размени. Главната тема и натаму е Јанис Адетокумбо.

Во неделата се појави веста дека Бостон Селтикс доставиле понуда за грчката суперѕвезда, но Мајами Хит се уште се фаворити за неговиот потпис. Она што е најбитно е што и Гркот преферира трансфер на Флорида.

„Добивам информации од лигата дека веруваат дека размената конечно ќе се случи. Разговорите се интензивираа во последните 7-10 дена, а фокусот и желбата на Јанис е да биде дел од Мајами“, вели инсајдерот Виндхорст.

Тој исто така додава дека разговорите меѓу двете франшизи траат со месеци.

ПретходноАртим Положани се враќа како тренер во Шкендија
СледноДе ла Фуенте: Немавме свежина, но требаше да победиме