Саудиска Арабија со реми против Уругвај (ВИДЕО)

67
фото: FIFA World Cup Stats (X)

Саудиска Арабија и Уругвај одиграа нерешено 1-1 на стадионот „Хард Рок“ во Мајами Гарденс во еден од двата синоќешни натпревари во првото коло од Светското првенство.

Првото полувреме беше прилично израмнето со неколку добри шанси за двете екипи. Сепак, четири минути пред паузата, Саудијците поведоа со голот на Ал Амри.

Во второто полувреме, Уругвај целосно ја презеде иницијативата против безопасните Саудијци, кои се концентрираа само на одбраната.

Имаше шанси пред голот на Саудијците, а Уругвајците стигнаа до заслуженото израмнување на 10 минути пред крајот на натпреварот кога Араухо постигна гол за конечни 1:1.

Во второто коло се среќаваат Уругвај и Зеленортските Острови, како и Саудиска Арабија и Шпанија.

Претходно„Фараоните“ ги запреа „Црвените ѓаволи“: Белгија и Египет поделија по бод (ВИДЕО)
СледноЧетврто реми во една ноќ: И Иран и Нов Зеланд поделија по бод (ВИДЕО)