Шкендија на Арена, Силекс на ФФМ, кратовци организираат и бесплатен превоз за своите фанови (ФОТО)

487
ФОТО:.facebook.com/EuropaLeague/

Сега веќе е јасно дека Шкендија и Силекс своите мечеви во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, ќе ги играат против Европа (Гибралтар) и Динамо Минск (Белорусија). На првите мечеви нашите екипи ќе гостуваат, а на 16 јули реваншите ќе ги играат во Скопје. Шкендија ќе биде домаќин на Арената “Тодор Проески“, а Силекс на ФФМ.

Инаку веројатно Силекс ќе гостува на неутрален терен, веројатно во Унгарија ако се знае дека УЕФА поради агресијата на Русија врз Украина, не дозволува екипите од Белорусија да бидат домаќини во својата земја.

Кога сме кај Силекс, од Кратово веста дека клубот ќе организирира бесплатен превоз за своите фанови до стадионот на Фудбалската федерација на Македонија на 16 јули кога се игра мечот. Кратовци посакуваат што поголема посета и поддршка за четата на стратегот Александар Васоски.

ПретходноМазари не е веќе член на Шкендија, се враќа во Вараждин!(ФОТО)
СледноНов пех за Англија: Се повреди десниот бек, Тухел повика нов играч