Македонскиот првак Вардар од Скопје го доби противникот во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Попладнево во Нион, ждрепката сакаше „црвено-црните“ да се судрат со екипата на КУПС од Финска.
Во седиштето на УЕФА беше одлучено преку ждрепката Вардар да биде домаќин на првиот натпревар кој ќе се игра на 7/8 јули во Скопје а реваншот е за седум дена во Финска односно на 14/15 јули. КУПС е тим од градот Куопио и тим кој во последните две сезони е неприкосновен во својата држава и екипа која има две титули во серија. Оваа екипа има вкупно осум трофеи на Финска во својата 103 годишна историја.
Вардар доби противник кој може да се елиминира и тим кој не е од оние кои се меѓу најдобрите од оваа фаза од натпреварувањето во Лигата на шампионите.
Проблем за „црвено-црните“ е тоа што сезоната во Финска е во полн ек а ривалот игра во добра форма со тоа што е во самиот врв на табелата со пласман на третото место. Ривалот е клуб со многу интернационалци и екипа која лани се натпреваруваше во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА.
Вардар летово донесе нов тренер од Аргентина во името на Кристијан Фабиани и фудбалери кои беа најавени како големи засилувања. Очекуваме Вардар да ја мине првата препрека…










