Денеска точно на пладне во Нион, како што и беше најавено, се одржа ждрепката за 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Па така го дознавме и евентуалниот противник на Вардар во оваа квалификациска рунда, а тоа е победникот од двомечот Сабах (Азербејџан) – ТНС (Велс).
Се разбира дека ако Вардар сака двомеч со еден од овие два тима, ќе мора претходно да го елиминира тимот од Финска на стартот од овие квалификации, мечевирте се играат на 7/8 и 14/15 јули.
Додека евентуалниот двомеч со Сабах или ТНС, Вардар ќе го игра на 21/22 и 28/29 јули.
Во слуај на елиминација од КуПС, тогаш скопските “црвено – црни“ ќе играат во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.
Секако дека македонската фудбалска јавност со нетрпение го очекува настапи на шампионот, посебно ако се знае дека лани Шкендија и тоа како ја подигна летвичката на една успешна сезона во фудбалска Европа.
Колку за потсетување, тетовци играа во 3.квалификациско коло во ЛШ, а потоа настапија во лигашката фаза во ЛК каде имаа и европска пролет.
Затоа Вардар е на потег!.










