Вардар носител во второто коло, нема дуели со Црвена Звезда, Динамо Загреб…

525

Во носителите ќе биде победникот од дуелот Вардар – КуПС за денешната ждрепка од 12 часот во Нион, по која ќе бидат познати и двојките за второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Оваа одлука на УЕФА е потради добриот рејтинг кој го има финскиот прбвак КуПС па оттука за нашиот шампион ова е одлична прилика да направи нешто повеќе во ова натппреварување во сезоната 2026/27 која почнува за Вардар на 7 јули дома против КуПС. Улогата на носител значи дека Вардар ќе ги избегне титаните од оваа рунда како Црвена Звезда, Динамо Загреб, Цеље и Лех Позњан.

Па така во второто коло Вардар за можни противници ги има: 1. Арарат Ерменија – Рига (Летонија) 2. Клаксвијк (Ф. Острови) – ФК Атерт (Луксембург) 3. Тре Фиори (Сан Марино) – Ларне (С. Ирска) 4. Сабах (Азербејџан) – ТНС (Велс) 5. Архус (Данска) 6. Мјалби (Шведска).No description available.

Со оглед на групите на УЕФА, за Вардар голема е шансата да се извлече повторно тим кој може да се мине освен прваците на Данска и Шведска кои се потенцијални ривали но и клубови без големо искуство на меѓународните натпреварувања. Натпреварите од второто квалификациско коло се играат во термините 21/22 јули а ревашите се закажани за 28/29 јули.

ПретходноХаланд со два гола ѝ ја донесе првата победа на Норвешка, Австрија со автогол и пенал до триумф (ВИДЕО)
СледноЛК: Познати се можните противници на Шкендија и Силекс во втората квалификациска рунда!