Потврда од страна на финансиската полиција: Истрагата за ФФМ донесе 12 уапсени лица, за штета проценета од над 180 милиони денари

185

Управата за финансиска полиција денеска соопшти дека во координација со Министерството за внатрешни работи и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска направила голема акција на неколку локации во главниот град Скопје, а поврзана со работењето на Фудбалската Федерација на Македонија.

Истата донела претреси во повеќе домови, деловни објекти, и кај повеќе физички лица, а приведени се вкупно 12. Со нагласок, дека пет лица кои се под истрага засега не се достапни на органите.

Според финансиската полиција, истрагата ги опфаќа двата претходни претседатели на ФФМ, Муамед Сејдини и Илчо Ѓоргиоски, потоа, Раководителката за финансии и сметководство, раководителот на одделот за судии и судење, како и 14 управители, сопственици на правни субјекти. Осомничени се и осум правни лица.

На осомничените им се става на товар, кривинчно дело со назив, „Проневера на службата“, и „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Првоосомничениот, Илчо Ѓоргиоски во периодот од 2015 до 2018 година заедно со раководителката за финансиски сектор, наводно присвоил средства доверени на службата во износ од 127.4 милиони денари.

Второосомничениот пак, Муамед Сејдини обавувајќи ја истата функциија претседател на ФФМ, во периодот од јули 2018 година до октомври 2019 година според истрагата, присвоил 53.3. милиони денари.

Вкупно 728 налози биле реализирани кон повеќе правни лица, врз фактури со невистинита содржина и наводно завршени услуги и испорачани стоки.

 

ПретходноДали шаман ја донесе победата на Гана?!(ВИДЕО)
СледноВардар победи на вториот контролен меч во Норчиа