Историјата е испишана: Македонија е втора во Европа во баскет 3х3!

127

Нашите ученици ја претставија Македонија на најдостоинствен можен начин на Европското училишно првенство во баскет 3х3 кое се одржа во Белград.

Македонија се закити со сребрен медал во силна конкуренција, откако во финалето Англија беше подобра со 22-18. Нашите момци одиграа уште еден неверојатно храбар натпревар, борејќи се до последната секунда и оставајќи срце на теренот.

Овој резултат е историски, бидејќи за првпат тим од Македонија учествува на Европско првенство во баскет 3х3 и се враќа со сребрен медал.

Дамјан Данев, Григориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Стојановски и Филип Алексовски се момците кои нè направија горди и ни ги исполнија срцата со искрена радост. За Белград тргнаа скромно, но најавија дека ќе ја претстават Македонија во најдобро светло. И така беше: на теренот беа вистински лавови, а со својата игра ги освоија симпатиите на сите.

За само четири дена, Македонија одигра осум натпревари, забележа седум победи и само еден пораз – во финалето. „Црвено-жолтите“ триумфираа против Молдавија, Хрватска 2, Црна Гора, Хрватска 3, Србија 1, Хрватска 1 и повторно против селекцијата на Хрватска 2.

„Федерацијата на училишен спорт на Македонија им го честита овој голем успех. Шампионите се раѓаат токму во училишниот спорт, затоа како Федерација ќе продолжиме посветено да вложуваме во нашата иднина за подобро утре во спортот.

Во благодариме момци за овие прекрасни моменти, вие сте наша гордост и наши шампиони“, порачаа од Федерацијата на училишен спорт на Македонија. 

ПретходноНов шок на Мундијалот: За репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска нема канадска виза!!!
СледноНеверојатно: Се најде некој да го критикува и Хари Кејн!