Гаштаров погоди во дуелот на Црвена Звезда против Јединство путеви (ВИДЕО)

97

Македонскиот младински репрезентативец, Матеј Гаштаров постигна гол на денешниот пријателски меч на неговиот тим Црвена Звезда против нисколигашот, Јединство путеви.

Дуелот заврши со убедливи 5:0 за шампионот на Србија, а Гаштаров постигна убав погодок.

Тој ова лето повторно е дел од подготовките на првиот тим на Црвена Звезда, односно тренерот Дејан Станковиќ се одлучи да ги впише во списокот на потенцијални првотимци за следната сезона.

ПретходноОсуден за „малверзации“ во Турција, а тука прави хаос во Тиквеш!
СледноЖРК Вардар доби екстра засилување – Марија Дуноска