Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски и следната сезона ќе биде лидер на Пелистер. По кратки преговори после завршување на сезоната, раководството на клубот и капитенот се договорија, Фитиљ останува лидер и каапитенот во составот на битолчани, кои ќе бидат предводени од Лино Червар.
Можноста за трансфер во Фуксе Берлин, кој имаше сериозни намери да го ангажира Кумановски останува затворен случај, Пелистер е изборот на нашиот најдобар ракометар.
Пелистер го ангажираше поранешниот македонски селектор, искусниот Червар за да се врати на старите патеки, поточно да ја освои шампионската титула и Купот на Македонија, а со тоа и повторно да биде дел од Лигата на шампиони.










