И Стефан Лозаноски се врати во родниот Прилеп

45
Фото: РК Прилеп

РК Прилеп потпиша уште еден ракометар кој потекнува токму од овој град. Станува збор за Стефан Лозаноски, кој после една сезона помината во Грција, се враќа во својот матичен клуб.

„По една сезона помината во Грција, Лозаноски повторно се враќа во својот матичен клуб, носејќи со себе дополнително искуство, зрелост и квалитет стекнати на меѓународната сцена.
Стефан е добро познато име за прилепската публика, ракометар кој секогаш го дава максимумот на теренот и со голема посветеност ги брани боите на својот клуб. Неговото враќање претставува значајно засилување за нашиот тим во пресрет на новите предизвици.
Веруваме дека заедно нè очекуваат многу убави моменти, победи и исполнета сала во која повторно ќе ја чувствуваме препознатливата прилепска ракометна атмосфера.

Стефан, добредојде дома и многу успех во дресот на РК Прилеп“, се вели во соопштението на РК Прилеп. 

ПретходноПартизан на Раул веќе слават – нема да го чекаат судниот ден! Се споменува и Вардар!
СледноОсуден за „малверзации“ во Турција, а тука прави хаос во Тиквеш!