Македонија домаќин на квалификацискиот турнир за женското кадетско ЕХФ ЕУРО 2027!

34

Уште една убава вест доаѓа од ракометот. Ракометната федерација на Македонија ја информира дека доби организација на квалификацискиот турнир за пласман на женското кадетско ЕХФ ЕУРО 2027, кој ќе се одржи од 27 до 29 ноември 2026 година во Скопје.

Нашата кадетска женска репрезентација ќе настапи во групата Б, заедно со селекциите на Литванија, Косово и Грција, а турнирот ќе се игра пред домашна публика во македонската престолнина.
Првите две селекции од групата ќе обезбедат пласман на Европското првенство, а дополнително ќе се пласира и најдоброрангираната третопласирана репрезентација од сите квалификациски групи.

„Им посакуваме многу успех на нашите млади ракометарки во борбата за место на завршниот турнир на Европското првенство 2027“, истакнаа од РФМ. 

ПретходноИлчо Ѓорѓиоски доби 30 дневен притвор
СледноМашката селекција „Под 17“ години поразена од Романија на стартот на „Rising Stars“