Нов скандал во фудбалот: Овој пат во Валандово за „измама во службата“ и „фалсификување службена исправа“

159

СВР Струмица изветува дека надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднела кривична пријава против К.С.(66) и М.Г.(54), двајцата од Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама во службата“ и „фалсификување службена исправа“.

„Првопријавениот, како претседател и второпријавениот, како секретар на Општински фудбалски сојуз Валандово, во периодот од 2021 до 2025 година во повеќе наврати регистрирале повеќе фудбалски клубови за натпреварување во општинската фудбалска лига Валандово без исполнетост на минималниот број на играчи согласно правилникот на Фудбалската федерација на Македонија.

На тој начин придонеле да се зголеми и бројот на делегати во Собранието на ФФМ на кои им била извршена незаконска исплата на надомест по разни основи, при што за себе и други лица прибавиле противправна имотна корист во износ од околу 1.350.000 денари. Тие креирале и записници за одиграни натпревари во кои внесувале невистинити и неточни податоци за лица како учесници во фудбалските натпревари, а кои воопшто не се одиграле“, се вели во известувањето на МВР. 

ПретходноМашката селекција „Под 17“ години поразена од Романија на стартот на „Rising Stars“
СледноОбрадовиќ пристигна во Атина – се чека бел чад?