Екипата на Пелистер за жал следната сезона ќе биде дел од ВМФЛ шампионатот. Тоа значи дека поголемиот дел од првотимците на овој клуб си заминуваат и следната сезона ќе ги гледаме во друг дрес.
Еден од оние кои нема да има проблем да пронајде нова средина, и тоа најверојатно во странство е перспективниот голман Андреј Јовчевски. Тој во моментов има неколку опции на разполагање, и секако дека во следниот период ќе се одлучи за некоја од нив.
Спортспорт дознава дека Јовчевски на маса има понуди од неколку клубови, од Словенија, Хрватска но и Унгарија.
Во моментов перспективниот чувар на мрежата има 22. години и целата своја кариера досега ја мина во матичниот Пелистер. Беше дел од У21 репрезентацијата на Македонија своевремено.















