Шкендија и Положани со победа стартуваа на подготовките во Словенија

175

Екипата на Шкендија со новиот тренер Артим Положани со победа над Копер од 2:1, ја стартуваа серијата пријателски средби на подготовките во Словенија.

Попладнево во одлични услови и терен, Шкендија го победи квалитетниот ривал со головите на Спахиу и на Трумчи кој погоди на самиот крај од натпреварот.

Положани даде шанса на доста фудбалери на овој дуел, како што е и тоа вообичаено во овој дел од подготвитениот период.

Следниот дуел кој што ќе го игра Шкендија на подготовките е против сплитски Хајдук.

 

ПретходноГлавната трибина на Градскиот стадион во Тетово замина во историјата (ВИДЕО)
СледноУште еден пораз: Хрватска лесно против нашите одбојкарки