Роналдињо се враќа во фудбалот!

112
Фото: FIFA world Cup X

Легендарниот Бразилец постигна договор со италијанскиот тим Равена, кој игра од Серија Ц, каде што ќе игра важна улога во развојот и промоцијата на клубот.

Веста дека Роналдињо се поврзува со Равена предизвика голем интерес во Италија и низ целиот свет. Сепак, соработката меѓу двете страни не подразбира враќање на познатиот фудбалер во активна игра.

Поранешниот ас на Барселона, Милан и бразилската репрезентација ќе биде задолжен за маркетиншките активности, промоцијата на клубот и поддршката за развојот на проектот.

Според италијанските медиуми, Роналдињо би можел да стане дел и од сопственичката структура на клубот. Интересно е што Бразилецот наводно ќе биде регистриран и како играч на Равена, но се очекува дека ќе има само еден официјален настап, првенствено од промотивни причини.

Официјалното претставување на соработката е закажано за 23 јуни во Мајами, додека сопственикот на клубот јасно стави до знаење дека легендарниот фудбалер нема да игра за Равена во натпреварувањето од Серија Ц.

„Би сакал да може да продолжи да игра. Роналдињо беше феномен и еден од најдобрите фудбалери на својата генерација, но нема да игра за нашиот тим“, рече Игнасио Чипријани.

Иако Роналдињо на тој начин се враќа во фудбалот, неговата улога во Равена првенствено ќе биде од деловна и промотивна природа. На овој начин, италијанскиот клуб сака да го зголеми своето признание и дополнително да го зајакне амбициозниот проект за иднината.

ПретходноМарко Алчевски е нов голман на Тиквеш
СледноФернандо Гаго доживеа срцев удар (ВИДЕО)