Шок во Србија: Црвена Звезда нема да дозволи Василије Костов да оди на Европското до 19 години

211
ФОТО:.facebook.com/crvenazvezdafk

Со одлука на ФК Црвена Звезда, Василије Костов еден од најдобрите играчи на овој тим и А репрезентативец на Србија, нема да замине за Велс летово каде што се одржува У19 Европскиот шампионат, на кој што нашиот северен сосед е пласиран.

Списокот на репрезенативци е веќе објавен, Костов секако дека се наоѓа на него, но Црвена Звезда одлучи сепак, да не го пушти туку тој ќе остане со клупските колеги на подготовките кои што течат во моментов.

Ова е сериозен удар за амбициите на Србија на овој турнир, ако се знае дека Костов реално има сериозен квалитет, но пред се сениорско искуство.

 

ПретходноКејт Даглас постави нов светски рекорд на 50 метри слободно (ВИДЕО)
СледноРеал Мадрид со официјално соопштение за Олисе!(ФОТО)