Дочека светот да слави педесет годишнина од изведувањето на легендарниот пенал „Паненка“.
Историскиот момент пред точно пет децении на денешен ден се случи во Белград, на легендарната „Маракана“, каде што тогаш репрезенаттивецот на Чехоловачка, Антонин Паненка го изведе најславниот удар од белата точка.
Во пенал финалната серија која и го одлучи освојувачот на Европското првенство тогаш, Паненка го надмудри легендарниот Сеп Мајер, голманот на Германија и донесе континентална титула.
„Секако дека сум горд на тој пенал, но од друга страна чувствувам и одредена љубомора. Во текот на целата моја кариера се трудев да играм фудбал добадлив за публиката, и според мене мојата кариера премногу е сведена на тој еден изведен пенал“ – рече во една прилика, Антонин Паненка, сега прв човек на тимот на Бохемианс каде мина поголем дел од кариерата.










