Со одлука на ФК Црвена Звезда, Василије Костов еден од најдобрите играчи на овој тим и А репрезентативец на Србија, нема да замине за Велс летово каде што се одржува У19 Европскиот шампионат, на кој што нашиот северен сосед е пласиран.
Списокот на репрезенативци е веќе објавен, Костов секако дека се наоѓа на него, но Црвена Звезда одлучи сепак, да не го пушти туку тој ќе остане со клупските колеги на подготовките кои што течат во моментов.
Ова е сериозен удар за амбициите на Србија на овој турнир, ако се знае дека Костов реално има сериозен квалитет, но пред се сениорско искуство.










