„Кралот се врати“: Жељко и официјално го презема Панатинаикос!(ФОТО)

222

Еден ден пред неговиот 52-ри роденден, првиот човек на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, го доби најубавиот подарок – од Жељко Обрадовиќ!
Судејќи според објавата на Јанакопулос на Инстаграм, може да се заклучи дека Обрадовиќ ја прифатил неговата понуда и дека ќе го води тимот на Панатинаикос од клупата во следната сезона.

„Кралот се врати“, напиша Јанакопулос, додавајќи дека „приказната продолжува“.No description available.

Жељко Обрадовиќ е симбол на најголемиот успех во историјата на Панатинаикос, во периодот од 1999 до 2012 година, кога атинските „зелени“ освоија пет титули само во Евролигата, а да не зборуваме за голем број трофеи во првенството и Купот на Грција.

Во претходните години, кога Жељко беше тренер на Партизан, тој нагласуваше дека на најтрофејниот европски тренер гледа како на свој постар брат, а Жељко ја сметаше и Атина за свој втор дом, па штом стана јасно дека Ергин Атаман ја напушта клупата на Панатинаикос, единствениот логичен избор за нов тренер на трофејниот грчки клуб беше Жељко Обрадовиќ, што, очигледно, беше потврдено денес.

ПретходноОд работник во фабрика до херој на Германија: “Не сум Турчин, туку Курд!“
СледноТрагедија во Еквадор: Тинејџери пукале врз навивачи, има мртви и повредени!(ВИДЕО+18)