Германија – Брегот на Слоновата Коска 2:1.Ова е исходот од мечот од 2.коло во групата Е. „Слоновите“ поведоа со голот на Кеси во 31.минута, додека Германците израмнија со голот на Ундав во 68.минута, а во 90+4.минута со уште еден гол на Ундав за пресврт и за победа.
Интересен меч, убав за гледање, со три гола и многу шанси на двете страни, на крајот три бода за Германците, и втора победа.
Првата можност за отворање на резултатот ја имаше Хаверц и тоа во 10.минута, но немаше гол. Десет минути подоцна кусо траеше радоста на “Панцерите“ по голот на Павловиќ, поради тоа што поради фаул врз голманот истиот беше поништен. Диало имаше супер шанса на другата страна, а една минута подоцна Франк Кеси донесе сензационално водство на БСК од 1:0. Германците преку Хаверц вратија, но и овој гол беше поништен, сега поради офсајд, па така на пауза се замина со водство на “Слоновите“ од 1:0.
Во второто полувреме изненадувачки, но БСК имаше шанси за 2:0.
И тогаш Ундав, кој само што влезе во игра, во таа 68.минута убаво се снајде опред голот на „Слоновите“ за 1:1.
Конечно „Панцерите“ постигнаа гол, иако далеку од тоа дека блескаа. Работите и тоа како се сменија откако селекторот Нагелсман направи четири измени, со што го освежи својот состав.
Се играше 90+4.минута кога Ундав со уште еден гол донесе пресврт, донесе нова, втора победа на овој Мундијал.
„Слоновите“ може да жалат, заслужија барем бод.










