Официјално: Кузманоски е нов тренер на Строволу

42
фото: SPE Strovolou Handball (X)

Кипарскиот тим Строволу и официјално го потврди доаѓањето на македонскиот ракометен стратег Горан Кузманоски. Откако стана јасно дека Кузманоски ја завршува соработката со Бутел, екипата на Строволу беше реална опција, па денеска и официјално е потврден трансферот на нашиот селектор во младинските категории.

„Возбудени сме што го пречекуваме нашиот нов главен тренер на машката екипа, Горан Кузманоски. Горан е многу познат поранешен играч и тренер. Покрај тоа што се приклучи на СПЕ Строволу како главен тренер, тој моментално е и главен тренер на репрезентацијата на Македонија до 18 години. Неговиот тим до 18 години неодамна се пласираше во финалето на Европското првенство, кое ќе се одржи во Србија на крајот на јули и почетокот на август. Добредојдовте во семејството на СПЕ Строволу, тренеру Горан!“, напишаа од клупбот.

ПретходноЏовани Малаго е избран за прв човек на италијанскиот фудбал
СледноДодека Меси сè уште е активен, според мене Марадона и натаму е најдобар на сите времиња