“Фуријата“ покажа сила против Австрија (ВИДЕО)

44
ФОТО:x.com/SpainIsFootball

Шпанија очекувано оди натаму на СП откако успеа да слави против Австрија со 3:0, во натпревар од 1/16 финалето. Стрелци на головите беа Ојарзабал два, и Поро. „Фуријата“ во целост ја оправда улогата на фаворит, одигра добар натпревар, имаше повеќе шанси, па и зицери за поубедлива победа.

Австрија на крајот мора да биде задоволна од резултатот, зошто можеше да доживее дебакл.

Уште на почетокот европскиот првак стави до знаење дека нема намера да се пшегува. Веднаш ја презеде контролата на играта и настаните на теренот. До таа 30.минута имаше обиди од двете страни, ама ништо од гол. Тогаш Кукуреља погоди за 1:0, но голот беше поништен. И по таа ситуација и дефинитивно мечот се отвори. Две минути Ојарзабал и Јамал имаа супер шанси, ама водството дојде во 36.минута кога по асистенцијата на Кукуреља, Ојарзабал им донесе радост на Шпанците.

Баена во судиското продолжение Баена ја погоди стативата, а потоа и Јамал имаше уште една одлична шанса, ама на пауза се замина со тие 1:0 за европскиот првак.

И во второто полувреме “Фуријата“ беше таа што напаѓаше, што бараше втор гол. Баена и Родри опасно се заканија, постојана опасност беше и Јамал, но и сега немаше втор гол за Шпанците.

Тие промашувања можеше да ги казни Калајџиќ, кој само што влезе во игра убаво шутираше со глава, но над пречката на голманот Симон.

Во 66.минута конечно 2:0 за Шпанија. Баена центрираше а Поро погоди за удвојување на водството.

Пош во таа 82.минута можеше да намали и да го направи финишот поинтересен, но сепак ништо, за жал на Австријците. Штета за Јамал, кој немаше среќа во 84.минута да постигне гол, Алаба ја исфрли таа топка од гол линијата и спречи 3:0 и радост за младата мега – ѕвезда на Шпанија.

Затоа Ојарзабал со својот втор гол, сега во 89.минута, успеа да ги постави конечните 3:0 за Шпанија.

ПретходноХаос во Мексико, има и мртви!
Следно„Ако некој нема право да се жали на судиите, тоа е Реал Мадрид!“