Дарко Додев и официјално во Алтаи

259

Некогашниот македонски младински репрезентативец, Дарко Додев повторно се испробува на интернационална сцена. Како што Спортспорт ексклузивно најави уште пред десетина дена, Додев е нов играч на казахстанскиот прволигаш Алтаи.

Откако документацијата, визите и се околу договорот на Додев беше средено, напаѓачот се појави во базата на клубот и е промовиран за нов играч.

Со ова завршува сагата околу трансферот на еден од најдобрите играчи во ПМФЛ шампионатот во изминатиот период, и од најново и репрезентативец на Македонија. Додев како што е добро познато беше дел од мечевите против Босна односно Турција кои што се одиграа на почетокот на месец јуни.

ПретходноНагелсман поднесува оставка, а Клоп доаѓа на негово место
СледноСупериорен Ивановски за полуфинале на Macedonian open 2026