Македонската комбинација Обрад Марковски и Горазд Србљак со две победи во денешните мечеви во конкуренција на двојки се изборија за полуфинале, кое ќе го играат утре (сабота). Марковски и Србљак откако завршија со сингл настапот стартуваа со мечевите во двојки.
Во мечот од првото коло без многу проблеми го победија Иван Ангелов и Андре Мајнерц (Бугарија/Данска) со 2-0 во сетови (61 64). Во второто коло одиграа далеку понеизвесен меч против Амар Хусеиновиќ (Македонија) и Роман Постолка (Чешка), кои поведоа со 1-0 добивајќи го првиот сет со 7:5 во гемови. Но, во вториот беа поуспешни и го добија со 6:4 во гемови. Во решавачкиот сет на поени Марковски и Србљак беа поуспешни со 10-6 на поени.
Тие утре во 11:30 часот на теренот број 5 ќе играат против Никола Бруна (Чиле) и Франциско Томас Гешвинд (Аргентина).
Финалисти се Никола Керемедчиев и Давид Симеонов од Бугарија откако нивните ривали Јаник Кастелнуово и Неил Саксер од Швајцарија го предадоа мечот.










