Хамилтон ќе стартува прв на спринтот на Силверстоун

27

Пилотот на Ферари, Луис Хамилтон, ја освои пол-позицијата пред спринт-трката што ќе се вози во рамките на Големата награда на Велика Британија, деветтата рунда од овогодинешното првенство во Формула 1.

Седумкратниот светски шампион го победи Кими Антонели во Мерцедес за само 11 илјадити делови во борбата за најдобрата стартна позиција. Најблиску до двајцата беше возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, кој беше три десетинки од секундата понапред.

Во финишот на спринтерските квалификации се водеше голема борба, бидејќи речиси сите возачи се одлучија само за еден обид, во последен момент, пред да истече времето.

ПретходноРепрезентативци на Тунис позитивни на допинг
СледноАбдула Аслани е нов играч на Утрехт