Оливер Гласнер три години на клупата на Нотингем Форест

41

Оливер Гласнер од денеска е нов тренер на Нотингем Форест. Според информацијата на инсајдерот Фабрицио Романо, Австриецот потпишал тригодишен договор.

51-годишниот Гласнер ќе го замени Витор Переира на позицијата главен тренер, чие контроверзно заминување беше објавено вчера. Новиот тренер ќе ги донесе клучните членови од својот персонал во клубот и ќе биде вклучен во одлуките за трансфери.

На крајот од сезоната 2025/26, Гласнер го напушти Кристал Палас, со кого ги освои ФА Купот, ФА Комјунити Шилд и Конференциската лига.

ПретходноХјустон го испрати Фини-Смит во Шарлот
СледноАнгела Јанкуловска потпиша за словачкиот вицешампион