Хјустон го испрати Фини-Смит во Шарлот

30
фото: Space City br @spacecitybr (X)

33-годишниот веќе ветеран во НБА лигата, Дориан Фини-Смит кариерата ќе ја продолжи во екипата на Шарлот. Тој имаше просек од 3,3 поени, 2,5 скока и 1 асистенција за 16,8 минути по натпревар во 37 натпревари минатата сезона, откако се приклучи во дресот на Хјустон.

„Ракетите“ ќе го испратат кошаркарот заедно со три пика од втората рунда на драфтот во екипата на Шарлот. Тимот ќе добие исклучок од трговија од 13,3 милиони долари.

Клубот исто така ќе го отвори својот целосен исклучок за средно ниво (15 милиони долари). Ќе им останат околу 9 милиони долари откако ќе го потпишат Маркус Смарт.

Тригодишниот договор на Фини-Смит (13,3 милиони долари годишно) е загарантиран само до следната сезона.

ПретходноБразил нема да ризикува: Рафиња нема да игра против Норвешка
СледноОливер Гласнер три години на клупата на Нотингем Форест