Ѓуроски: Знаевме дека ова е меч кој мора да се добие, среќни сме што ја остваривме целта!

40
Фото: ФИБА

Македонија ја исполни примарната цел во претквалификациите, но во националниот тим нема простор за опуштање. Тоа го потврди и Стојан Ѓуроски, кој по победата над Ирска порача дека репрезентацијата ќе остане максимално мотивирана и на гостувањето во Луксембург.

„Очекувавме убедлива победа затоа што Ирска е тврд противник, играше доста физички. Дојдоа во подмладен состав со шест кошаркари од колеџ, што малку нè изненади, но ние влеговме подготвени. Знаевме дека ова е меч кој мора да се добие за следна фаза. Среќни сме и задоволни што успеавме во целта. Сега ни следи Луксембург, против кого исто така одиме на победа и покрај тоа што сме веќе во следната фаза. По нас, Луксембург е најдобра селекција во групата, доста подобра на домашен терен. Ние немаме повеќе што да загубиме, па ќе влеземе максимално и во тој меч“, порача Ѓуроски.

Последниот натпревар од претквалификациите Македонија ќе го одигра на гостински терен против Луксембург, со можност успешниот квалификациски циклус да го заокружи со максимален ефект – шест победи во шест натпревари.

ПретходноДамјан Крстов е нов играч на НЕЦ Нијмеген
СледноНатанијел Браун за уште посилен Баерн Минхен