Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски ќе игра во финалето на Macedonian Open турнирот кој се одржува на терените на ТК „Југ“ во Скопје.
Во денешното драматично полуфинале, Ивановски беше подобар од седмиот носител на турнирот, Бугаринот Јанаки Милев со 2:1 (6:4, 2:6, 7:5).
Особено возбудлив беше решавачкиот трет сет во кој бугарскиот тенисер имаше дури две две меч-топки бидејќи имаше предност од 5:4 во гејмови и 40:15 на сервис на Ивановски. Најдобриот македонски тенисер покажа карактер, се врати во сетот и на крајот го освои со 7:5.
Во финалето, Ивановски ќе игра со победникот од дуелот меѓу Владислав Орлов од Украина и Стефан Поповиќ од Србија.










